Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој наместа ќе засилува, соопштија од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни.

Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.

Фото:МИА архива