Тиквеш запиша важна победа во ПМФЛ во трката за титулата.

Во првото дерби од 14.коло, Тиквеш како гостин го совлада Вардар со 0-3.

Иако во Купот го совладаа со 1-3, сепак поради административни грешки кавадарчани беа елиминирани од ова натпреварување.

Но се чини дека тоа беше и мотив повеќе во денешното дерби фудбалерите на Тиквеш да потврдат дека во моментов се подобар тим од Вардар.

Тоа со ефектен гол го најави Ренатињо во 16-тата минута за водство на Тиквеш од 0-1.

Црвено-црните само две минути подоцна ја затресоа противничката мрежа, но голот беше поништен.

Во финиот на првиот дел (41.минута) Тиквеш ја удвои предноста преку Лусианињо . И во вториот дел иста слика на теренот.

Вардарци се обидуваа да ја наметнат својата игра, а кавадарчани беа оние кои постигнаа гол. Стрелец на третиот погодок за гостите беше Теодор Николовски во 63.минута.

Во првиот денешен натпревар, Скопје со 2-1 го совлада Арсими во дуелот на двете последно пласирани екипи.

За Скопје ова беше првата победа во сезоната. Стрелци на головите за Скопје беа Милош Гордиќ (41.минута) и Томче Гроздановски (52), а за Арсими погоди Рамадани (68).

Со оваа победа, вкупно 27 бодови Тиквеш изби на 2.место на табелата колку што има и трето пласираниот тим на Шкендија.

Тетовци својот меч од оваа рунда ќе го играат во понеделник, а во Скопје ќе бидат домаќини на Силекс. Лидерот на табелата Струга ТЛ утре гостува во Штоп кај Брегалница.