Фудбалерот на Орландо, Антоан Гризман е прогласен за дебитант на годината во МЛС, објави прес-службата на лигата.

Францускиот играч потпиша со американскиот клуб во март 2026 година и се приклучи на тимот во јули. Оттогаш одигра 22 натпревари, a постигна 15 гола и седум асистенции.

Орландо заврши осми во Источната конференција на крајот од регуларната сезона. Тимот ќе се соочи со ФК Синсинати во плејофот на МЛС.

Триесет и петгодишниот Гризман претходно играше за Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Барселона. (МИА)