Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во интервју за Македонското радио вели дека корупцијата преставува рак рана во општеството и дека за бомбите треба да се изјасни судството. Тој додава дека на овие избори гласачите ќе може да избираат помеѓу апатија или можност да ги променат работите.
-Судството треба да се изјасни за нивната природа и да ги обработи, но она што е важно е корупцијата со која се засегнати сите граѓани, таа и денес постои. Надвор од политичките кавги таа може да преставува вистински рак во општеството кој што не е ниту син ниту црвен, но генерален рак во општеството кој што може сериозно да наштети на сите напредоци кои се постигнати надвор од економската или законодавната област. Секој кој што се нашол во одредена коруптивна афера, секој е одговорен затоа што или го прифаќа тоа или замижува кога се прави и на крајот треба да се запраша зошто и го гласа. Затоа граѓанинот треба да си се запраша самиот себе си. Граѓаните треба да гласаат и со сите овие афери граѓанинот има две чувства, или она здраво чувство, или треба да реагирам затоа што тоа е моја одлука од која зависи иднината на земјата, второто понегативно чувство е она во кое се запаѓа во апатија и се вели сите се исти, не вреди да се реагира и си се затвораме во својот круг и си ја напуштаат земјата, изјави францускиот амбасадор Тимоние.
Тој посочува дека втората појава е многу силна и штетна и треба граѓаните повторно ја превземаат својата одговорност.
“Ние сакаме изборите да бидат транспарентни и тоа ќе биде дополнителна нишка, темата со корупција освен што е постојана тема за јавниот интерес туку е предмет на постојано размислување кое ние го споделуваме. Со тоа развојот на едно модерно европско општество е под закана”вели францускиот амбасадор кој додава дека нема да се замижи пред одредени претерувања особено кога се загрозени европските вредности.
Во опднос на законот за обвинителство тој вели дека интенцијата била да се донесе закон со согласност на сите партии но таа можност била пропуштена.
“Нашата желба беше да се усвои законот за обвинителство со согласност на што поголем број на политички партии затоа што со тоа ќе се постигне вистински праг за борба против корупцијата но и неопходност за транспарентност која одат во насока на волјата на граѓаните. Но овие разговори за жал не беа на тоа ниво, не е мое да судам за поразот на тие преговори. Најголемата придобивка за парламентот ќе беше доколку се донесеше со согласност на сите политички партии но тоа не беше случај и имаше мнозинство кое е потесно од она за кое ние се надевавме. Формално сега законот е усвоен” додаде Тимоние.