Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска посочи дека не знае кога ќе биде датумот за преговори бидејќи за тоа ќе одлучат земјите членки на Европската Унија.
– Земјава направи напредок, сега треба да се оцени дали проектите и напредокот што е направен е доволен, но исто така да се види во каква состојба се наоѓа Европската Унија и нејзиниот капацитет дали може да вклучи нови членки. Можеме да зборуваме за тоа дали ќе се работи за унапредување според старост или според заслуги, или најверојатно одлуката што ќе ја донесат земјите членки ќе биде комбинација од двете. Сепак, местото на земјите од Западен Балкан сакаме да го видиме во една реномирана европска конструкција, рече Тимоние.
Додаде дека е значајно да се продолжи со регионалното помирување, но исто така треба да се продлабочат реформите во областа на владеење на правото каде останува уште многу да се работи.
– Што се однесува до Франција, ние сме вклучени во тоа, бидејќи претседателот Макрон неодамна ја презентираше француската стратегија за Западен Балкан. Еден дел од таа стратегија се состои во тоа да ви помогнеме во подготовките на претпрестапните преговори. Треба да се одржи четвртата работилница од низата што ги организираме во рамки на Секретеријатот за европски прашања, со што помагаме оваа институција да се подготви за отварањето на престапните преговори, посочи Тимоние.
0