Отсуството на сведокот Ресмије Аземи од Германија повторно го одложи рочиштето за предметот „Титаник 3“ за 19 февруари.
Сведокот на 20 декември минатата година преку меил го известила Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.
Судијката Марија Клетничка на денешното рочиште информираше дека сведокот Ресмије Аземи е запознаена со писмата и поканите на испратени од Судот.
-Воедно и од страна на Министерството за правда на РС Македонија до Судот не е доставен одговор за да се воспостави видео – конференциска врска. Сведокот е запознаен со писмата и поканите на испратени од Судот, рече Марија Клетничка судијата Клетничка.
Освен на 19 февруари нови рочишта за предметот „Титаник 3″ се закажани за 26 февруари и 25 март.
Обвинети во овој предмет се актуелниот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури. Според обвинението покренато од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуралности во Чаир, во локалните избори одржани во 2013 година.
Последното рочиште за овој предмет што беше закажано на 4 декември минатата година беше одложено, бидејќи не беше обезбеден сведокот што има пријавено живеалиште во Германија.
Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.