Пишува: Блаже Миневски

Дека Тито не можел без Даворајнка ниту една минута говори и настанот што се случил негде во Босна. Врховниот командант имал свој шатор, но тенките платнени прегради не можеле да го задржат гласното стенкање и воздишките на љубовното уживање на неговата млада секретарка. Од партизаните се барала крајна воздржаност во љубовниот живот, а за прекршителите била пропишана дури и смрт со стрелање, која често била и извршувана.

Но, за другарот Стари важеле некои други правила. А правило било дури и брачните парови, доколку имало такви, да не смеат да бидат во иста просторија, значи сексуалната воздржаност важела и за нив, иако се венчани сопруг и сопруга. Наспроти тоа, во една таква ситуација, додека Даворјанка стенкала во шаторот на Тито, во посета повторно дошла некаква словенечка партизанска делегација, предводена од Лука Лескоушек.

Делегацијата стигнала на договорениот состанок пред Шаторот на Врховниот командант во многу незгодно време. Словенците слушнале гласни љубовни воздишки  па одлучиле да се вратат подоцна. Кога по извесно време дошле повторно, Тито добро расположен ги дочекал пред бирато со машина за пишување:’ Добро е што задоцнивте на состанокот, зашто и онака морав да завршам една многу важна  работа!’

Мистериозниот гроб во паркот на Белиот двор во Белград!

Според тоа, Тито очигледно бил многу задоволен од љубовните мајстории на Даворјанка, па затоа наспроти незадоволството меѓу луѓето од неговото опкружување од неа, не размислувал да ја тргне и да ја прифати Херта Хаас со која се сретнеле во Јајце во ноемрви 1943-та година. Инаку, Зденка како Титова воена придржничка ги поминала сите најтешки искушенија на војната, приживувајќи ги меѓу другото и битката на Неретва и онаа на Сутјеска, а одвај избегнала сигурна смрт и во операцијата ‘Конски скок’, германски воздушен десант на Дрвар во 1944-та година.

Извесната Блаженка Мимица ја познавала Даворјанка уште од студентските денови и таа ја опишува како невротична, нарцисоидна и немарна девојка. Куцала на машина за пишување ужасно лошо, бркала географски поими, па и дати. Поради нејзината немарност до ден денес не е јасно дали денот на Армијата на бивша Југославија бил на 21 или на 22-ри декември. Подоцна е избран 22-ри декември, иако многумина сметаат дека Зденка погрешно ја запишала таа дата. Се’ уште има сведоци кои го доживеале и нејзиниот нервен слом во Дрвар, кога германските падобранци веќе го држеле под оган влезот на пештерата во која бил Тито и целиот Главен штаб. Со хистерични, гласни испади, Даворјанка му забранувала на Тито да излезе од пештерата, всушносt да побегне по сувото корито на рекичката кон посигурен заклон. Борците биле одлучни на лице место да ја убијат. Со хистеричното врескање ја откривала нивната позиција. Од сигурна смрт од партизански раце ја спасило само тоа што била Титова интимна пријателка.

Набрзо потоа кај Зденка почнала засилено да напредува туберкулозата, но умрела две години подоцна.

Мистериозната Даворјанка Пауновиќ е закопана во паркот на Белиот двор. Изборот на местото на погребот бил нејзин; таа го натерала Тито да и’ вети дека ќе ја закопа токму во Белиот двор, па така барем двапати дневно ќе мора да поминува крај нејзиниот гроб: првиот пат кога од резиденцијата во Ужичка 15 оди на работа во Белиот двор, а вториот пат кога ќе се враќа дома. Таа необична желба, Тито ја почитувал. Зденка е погребана како партизанка, на осамено место, без надгробна плоча и без вообичаени погребни церемонии.

Подоцна Јованка Броз барала посмртните останки на Даворјанка Пауновиќ-Зденка да се пренесат во семејната гробница во гробиштата во Пожаревац, но Тито одбил. Зденка сепак има свој гроб и во Пожаревац, со надгробна плоча, но гробот е празен. Вистинскиот гроб на Даворјанка Пауновиќ велат дека уште е недалеку од влезот во Резиденцијалниот парк на Дедиње, а тоа, во 1980-та година, на Владимир Дедијер му го потврдил и Никола Мандиќ, добар познавач на состојбите во резиденциите на Тито. Значи, и по смртта на Тито, гробот на Даворјанка останал на старото место. Иако сега нема многу посетители на Белиот двор,  сепак главна знаменитост што сите сакаат да ја видат е гробот на Даворјанка Пауновиќ-Зденка, воената интимна пријателка на Тито. Таа е погребана на Дедиње, спротивно на сите прописи, но велат дека и сегашната српска власт не сака да чепка по нејзините посмртни останки. Тоа би можело да се направи само доколку побара некој од нејзините роднини, но такви во Србија нема – единствената нејзината  сестра од тетка,  нивните мајки се родени сестри, е Мирјана Марковиќ- Милошевиќ, сопруга на Слободан Милошевиќ, која сега живее во Москва и никој не знае кога и дали некогаш ќе се врати во Србија.

Како Јованка станала љубовница на Тито?

И, на крајот, да го завршиме овој текст за љубовните приказни на Тито со она со што почнавме, со Јованка Броз. Јованка Будисављевиќ е родена 1925-та година во селото Пеќани, во Лика, во близина на (Титова) Кореница, во православно, српско семејство. Татко и’ Миќо Будисављевиќ бил угледен селанец, кој повеќепати престојувал во Америка, па добро говорел англиски јазик. Никогаш не бил член на КПЈ, но бил познат како човек кој е против секаква неправда. Негеовата најстара ќерка Јованка во селото завршила четригодинишно основно образование, а дури подоцна, во Белград, и вечерна гимназија.

Како што зборувала самата, корените на нејзиното семејство се од Косово, од околината на Пеќ, па затоа нејзиното село го добило името Пеќани. Втората светска војна била голема трагедија за семејството Будисављевиќ. Родителите на Јованка умреле, а таа се приклучила на Личката женска чета, со која командувала Наранџа Кончар. Во партизани отишле и нејзините двајца браќа, од кои едниот загинал. Имала и две помлади сестри, кои по војната ги барала по домовите за сирачиња. За Личката женска партизанска чета по војната трбеало да се снима филм; сценариото било напишано, филмот требало да зборува пред се’ за Јованка, но филмот никогаш не е снимен. За тоа како по војната Јованка дошла на местото домаќинка во Титовата резиденција на Дедиње има повеќе контрадикторни приказни. Милован Ѓилас бил уверен дека Јованка таму ја донел Ранковиќ. Меѓу петте партизанки, кои ги препорачала тајната служба, биле избрани пет, но на Тито веднаш во око му влегла убавата и кршна Личанка со црна коса. Инаку, Јованка првпат го сретнала Тито во во војната, во Дрвар 1944-та година, кога во тамошната болница била политички комесар. Тука го преживеална и германскиот десант на Дрвар, исто како и Тито. За време на војната, па се’ дури не станала љубовница на Тито, Јованка Будисављевиќ воопшто не го привлекувала вниманието на тајните служби.

Нејзина предност при изборот од била само изразита, расна убавина. Шпекулациите дека работела за Гестапо не држат вода. Според истражувањата Симчиќ, многу поверојатно е дека Стево Крајачиќ ја искористил за свои цели, а со тоа, несакајќи, и Јованка работела за неговиот шпионски центар, односно за советското НКВД-е.

Значи, клучна личност која ги поврзала Тито и Јованка сепак е Стево Крајачиќ, човекот кој знаел многу за сите значајни личности во Југославија. Бил функционер на Коминтерната, и советски шпион, дури и за време на Втората светска војна, се разбира со дозвола на Тито. Колку Советите ги ценеле неговите заслуги зборува и тоа што го добил ‘Лениновиот орден’ уште пред војната, и пред да го добие Тито. По налог на газдите од Москва, Крајачиќ кон крајот на Втората светска војна добил задача во близина на Тито да уфрли личност која ќе биде во врска со центарот со кој управувал, односно личност која ќе биде информатор за случувањата во Маршалатот, тврди Дедијер. Оттука, очигледно, во случајот со Јованка Будисављевиќ станува збор за долгорочен и добро подготвен проект на советските тајни служби. Крајчиќ добро ја проценил ситуацијата кога се одлучил за Јованка, која уште во 1946-та година станала домаќинка во Титовата резиденција, одговорна за послугата, чистачките, економите, возачите итн.

Се разбира, Тито бил задоволен затоа што во куќата му влегла вистинска убавица, па набрзо почнал да си ја носи во својата спална соба, Сепак, дури во 1948-та година почнуваат интензивна полутајна љубовна врска која не можела веќе да се крие. Две години подоцна Тито ја побарал раката на Јованка, но поради политички проблеми со Информбирото свадбата  била организирана дури во 1952-та година. Во секој случај – Тито повторно се заљубил до уши! Играта на Крајачиќ успеала, а тој си обезбедил неформално  високо и стабилно место во политичката номенклатура.

Тито ѝ нудел секс на Пепца Кардељ, сопругата на Едвард Кардељ!?

Во 1948-та година, по Резолуцијата на Информбирото, самиот Тито, преку свои канали во опкружувањето на Сталин, дознал дека Стево Крајачиќ добил налог од Сталин да го убие, тврди Дедијер. Се разбира, Тито одлучил да го посети Крајчиќ лично. Бил сам во автомобилот и го повикал Стево малку да се повозат. Во млади години Тито бил пробен возачк на Дајмлер-Бенц во Германија, па затоа бил многу спретен возач. Кога Стево влегол во автомобилот, Тито веднаш ја зголемил брзината и ги прашал: ‘Ќе ја извршиш ли наредбата?’ Крајачиќ внимателно му го предал пиштолот и советската депеша со налог за убиство на Тито, велејќи: ‘Немав намера да те убијам’.

Тито бил предупреден дека Сталин наредил негова ликвидација, и дека убиецот е веќе на пат. Информацијата дошла од германски извори. На Западот во тоа време не им било од интерес да го нема Тито. Крајчиќ не го ликвидирал , но му ја подметнал Јованка. Таа на почетокот од бракот не се мешала во политика. Во Ужичка 15 имала сопствена скромна собичка во која учела и ги подготвувала испитите за вечерната гимназија. Дури околу 1965-та гоиина добила можност потполно да се грижи за Титовото опкружување, да го насочува претседателскиот протокол и контактите со надворешниот свет, како и сама да го организира неговото време. Таа работа набрзо и’ овожможува голема моќ, особено кадровските решенија за високи  државни функции. Судирот со Тито се зголемувал како што тој стареел.

Своите тешкотии со сопругата тој им ги поверувал само на Едвард Кардљ и на неговата сопруга Пепца. Ги прашувал дали да се разведе, а Кардељеви го советувале дека во тие години разводот нема никава смисла. Инаку, Пепца Кардељ на Јованка гледала како на помлада сестра, а себе си се сметала за прва дама на тогашна Југославија. Во една прилика дури и’ се пофалила на сопругата на Дедијер, а Дедијер таа изјава ја има зачувано во својата архива,  дека наводно Тито и неа се обидел да ја ‘смува’. Не се кажува во документот кога се случило тоа, но најверојатно после Втората светска вовјна, во годината по смртта на Даворјанка и пред да пристигне Јованка кај него, односно додека уште бил самец. Но, како што изјавила Пепца, не и’ нудел само секс туку сакал таа да се пресели кај него.

По сите недоразбирања со Јованка, која била под контрола на Стево Крајачиќ, самиот Тито, пред смртта, на хрватската комунистичка револуционерка Веда Загорац, во која имал голема доверба, и ги објаснил причините за разделувањето со Јованка: „Ете, моравме да се разделиме. Од мене бараше да  тргнам многу другари, а јас тоа не го прифатив“. Сепак  Јованка била лута и поради двете убави девојки, масерки на Тито, сестрите Радојка и Даријана Грбиќ. Сметала дека односот на нејзиниот сопруг кон тие девојки ги поминува дозволените граници и дека нејзината положба со тоа е загрозена: „Јас сум растревожена, не можам да спијам, се чувствувам отфрлена како жена и како сопруга,  по 30 години брак. Наместо мене, тој ги сака оние девојчуришта. Јас знам дека тој со нив , со оглед на годините, не може ништо физики, освен да ги плеска по задникот, но тој е врзан со нив психички, и тоа особено ме нервира“, им се жалела Јованка на лекарите. Посебно била алергична на Даријана Грбиќ, па со раце покажувала како со задоволство би ја задавила. Тврдела дека Даријана е крајно неморална личност и дека УДБ-а ги има подметнато двете сестри за да ја отстранат неа и да ја ликвидираат. Од лекарите барала двете масерки да се отстранат и на нивно место да дојде масер. За Тито, пак, велела дека е лош човек, односно дека тој не е истиот човек од порано, дека многу се променил последните неколку години.

Сепак интересно е тоа што Даријана Грбиќ во Маршалатот ја довела лично Јованка за да ја масира неа. Тито тогаш имал некоја постара Словенка како масер. Кога Словенката заминала, Даријана ја презела обврската привремено, додека не се најде замена, да го масира и Тито. Се разбира на Тито таа промена му се допаднала, па Даријана ја довела во дворот и нејзината сестра Радојка. Заслепена од љубомора, Јованка јавно зборувала дека Тито веќе не може сам да си го затвори ни шлицот на панталоните.

(Крај)