Граѓаните на Србија до крајот на годинава ќе мора да платат 337,95 милиони евра за кредити земени во времето на бивша СФРЈ, во текот на 70-тите и 80-тите години од минатиот век, објавува српски Блиц.

И оваа година Србија ќе мора да плати цех за удобниот и безгрижен живот за време на владеењето на Јосип Броз Тито. Како што дознава Блиц, поради исклучително скапите заеми стари 40 и 48 години, кои ги земале тогашните премиери Милка Планинц и Веселин Ѓурановиќ, од државната каса на Србија оваа година ќе мора да биде смалена за повеќе од 300 милиони евра.

Колку за споредба, толку пари следниот месец ќе бидат потрошени за зголемување на пензиите на вкупно 1,7 милиони српски пензионери.

Републиките можеа сами да се задолжуваат

Станува збор за најголем кредитен намет кој оваа година Србија мора да го плати, по обврската од 856 милиони евра, настанати врз основа на државни хартии издадени на меѓународниот пазар.

– Станува збор за кредити кои Титовите премиери ги добиле од Парискиот и Лондонскиот клуб, како и од Светска банка и нејзиниот огранок Меѓународната банка за обнова и развој. Тоа биле исклучително скапи заеми, камата била фиксна и изнесувала близу седум отсто годишно, а државата зела 8,8 милијарди евра. Од Парискиот клуб сме добиле 3,8 милијарди долари, од Лондонскиот 2,2 милијарди… Претходните години, во просек, враќавме по околу 250 милиони евра, а оваа година за наплата стигнуваат речиси 340 милиони. Најмногу треба да вратиме на Лондонскиот клуб, 151 милион евра, потоа на Парискиот клуб 121 милион евра и на Светска банка 65 милиони, наведува изворот на Блиц.

Во тоа време, во бивша СФРЈ, републиките имаа можност самостојно да се задолжуваат. Таквата слобода Планинц и Ѓурановиќ им дале со прописи, а заемите главно ги одобрувале меѓународните финснасиски институции.

Кредити за титови плати и за пензии

Економистот Љубомир Маџар објаснува дека кредите првенствено оделе на потрошувачка, подигање на стандардот, плати и пензии.

– Кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години, нашите работници одеа на работа во странство, па во земјата се влеваа доста пари и од дознаки. Но, со тек на време, таквите приходи беа се помали, но потрошувачките навики останаа исти. Па, се тргна во задолжувања, вели Маџар.

Во Народната банка на Србија потврдуваат дека државата оваа година мора да отплати повеќе од 300 милиони евра долгови стари и повеќе од 40 години. Од таму наведуваат дека Србија веќе почнала со нивната исплата, и дека во изминатите месеци банката отплатила значителен дел.

– Обврските кон доверителите од Парискиот и Лондонскиот клуб и ИБРД Србија редовно ги сервисира преку Народната банка на Србија. Конкрајот на април годинаца Србија отплатила обврски спрема Лондонскиот клуб доверители, вкупно 151,38 милиони евра. Причина за тоа, пред се, се одличните резултати на фискален план, но и намерата државата пред време да ги исплати скапите обврски од минатото, појаснуваат во НБС.

Србија 10 години не отплаќала од долгот

Како што велат, покрај редовната отплата на ратите од главнината и каматите, пред време ги отплатиле и преостанатите рати од главницата кои доспеваат до ноември 2024 година.

Обврските спрема кредиторите од периодот на СФРЈ не биле исплатувани од мај 1992 година до април 2002 година. Спогодбите за нивно регулирање Србија ги постигнала од 2001 до 2005 година со Парискиот и Лондонскиот клуб, како и со Светска банка, додека за обврските спрема Евроспката инвестициска банка ги потпишала со спогодбата со ЕУ.

Во НБС велат дека долгот кон ЕУ е платен во целост, заклучно со минатата година.