На социјалните мрежи деновиве кружи видео кое предизвика гнев кај многу луѓе.
Во него се гледа како група нуркачи малтретираат морско куче. Еден му се качува на грб, двајца му ги држат перките, а третиот го држи за опашката. Животното притоа очајно се трга и се обидува да отплива.
Се работи за кит-ајкула, која е бесопасна и често налетува на нуркачи кои ја искористуваат нејзината питомост. Таа е загрозен вид, и во некои држави е заштитена со закон.
„Ова е неверојатно и многу сурово”, „Никогаш не сум видел такво одвратно однесување, Треба да им се објават имињата и јавно да бидат посрамени”, „Тажно е што китот-ајкула има повеќе интелигенција од овие нуркачи”, „Какви кретени”, се дел од коментарите.
Видео е снимено во националниот парк Ценедераваси во Индонезија, а медиумите претпоставуваат дека нуркачите најверојатно биле на излет организиран од некои од локалните туристички агенции.