Тоа што актуелната власт во Македонија го брише од свеста на Македонците и го бруси и од металните поклопи на шахтите, знамето со македонското 16-крако сонце, се вее во Собранието на српската автономна покраина Војводина.
Македонското шеснаесет-зрачно златно жолто сонце на црвена основа е службено знаме на Македонците во Србија! Македонското шеснаесет-зрачно златно жолто сонце на црвена основа е поставено заедно со знамињата на сите етнички заедници во Србија што се организирани со национални совети, во Собранието на Покраината Војводина во Нови Сад.
Неодамна објавивме и прилог за истиот симбол кој е поставен на јавно и видно место и во Република Хрватска.