Романскиот министер за правда, Тудорел Тоадер, вчера потврди дека се подготвува итно усвојување на законот за амнестија за корупција, Брисел изразува загриженост, јави МИА од Брисел.
Предлог-законот за амнестија на корупција ќе го засегне шефот на владејачката социјалдемократска партија, Ливиу Деагнеа, кој е два пати осуден за измами и корупција, поради кои осуди не смееше да седне во премиерското столче.
Се оценува дека околу дваесет лица, политичари, бизнисмени, пратеници, ќе се обидат да добијат амнестија откако ако помине законот.
Граѓанското општество, но и група судии предупредуваат дека законот не треба да биде усвоен и дека е потребна претходна јавна дебата на оваа тема. Доколку законот помине, се подготвуваат повторно протести, најавуваат граѓанските организации.
Европската Унија од почеток изразува голема загриженост поради овој потег на романската влада која претседава со ЕУ до јуни и предупредува дека амнестијата претставува напад врз владеењето на правото во Романија, каде последниве месеци постојано ЕУ констатира демократско назадување.
Потпретседателот на Европската комисија, Јирки Катаинен вчера на Твитер напиша: “Неверојатни вести! Романскиот народ заслужува владеење на правото.