Продолжува словенечката „тоалет“ револуција, пишува порталот Нова24 од Љубљана.
По социјалниот експеримент на Факултетот за општествени науки, до јавноста доаѓаат информации и за други институции кои презеле сличен чекор.
Имено, станува збор за полово неутрални тоалети во студентскиот здравствен центар на ул. Ашкерчева во Љубљана. Тоалетот има само една врата, внатре има две тоалети, но сите во „заеднички“ простор. Меѓу двете тоалети има само параван, што одвојува само половина од просторот, а не целиот. На тој начин, секој посетител/ка (или тој/таа што се чувствува како нешто трето) може да го види другиот како ги извршува своите физиолошки потреби.
Во светло на промовирање на таканаречената политичка коректност, родова еднаквост и свесност за правата на трансродовите лица, неодамна беа воведени три нови тоалети на приземјето, еден во близина на меѓународната читална која се наоѓа во Централната библиотека за општествени науки Јоже Горичар, додава Нова24.
Вториот претходно беше тоалет за жени, а другите три беа одделни за жени, мажи и лица со посебни потреби, истакнува порталот.
На Факултетот за општествени науки, за Нова година биле отворени четири асексуални тоалети од кои биле отстранети дотогашните ознаки на вратите (машко или женско) и заменити со нови, трансродови. Биле отстранети и писоарите за машките или за оние што некогаш с есметале за машки, па сега внатре има само ВЦ шолји.
Местото каде некогаш имало писоари
Многу поранешни студенти оправдано се лутат кога гледаат дека идеите на левичарските студенти почнале да се воведуваат во просториите на факултетот на кој тие учеле. Иако активистите на ЛГБТ вршат притисок, факт е дека постојат биолошки родови. Сепак, лутите коментари на социјалните мрежи не стивнуваат.
Трансродовата тоалет револуција ја шири Французинката Леа Ајмард:
„Немаме посебни тоалети и дома. Сите уринираме во ист тоалет и тоа не е проблем. Затоа, јас навистина не разбирам зошто проблемот би бил ако тоа е така и во јавните тоалети“, објаснила за порталот Сиол, Леа Ајмард, трансродова мајка и активистка во организацијата Трансакција.
Леа АЈМАРД
Инаку станува тема која е мошне актуелна во Словенија во последните неколку денови, а ако се имаат в предвид коментарите на социјалните мрежи, Словенците не се баш расположени за „тоалет револуцијата“, пототчно кажано се љути. Еве некои од нив:
Normalni ljudje vemo že od pamtiveka naprej, da so moški eno , ženske drugo, družina eno, širša družba drugo, ženska stranišča eno, moška stranišča drugo. Sodobni “progresivni” pa so v razvoju zaspali in sedaj ne vedo, v kako stranišče bi šli. https://twitter.com/frelih_igor/status/1218088719657459712 …
Igor Frelih @frelih_igorReplying to @Ovca8 and 2 othersDajmo se prvo domeniti zakaj doma lahko lulamo in kakamo v isti sekret, na javnih mestih pa je to nekako bogokletno in s tem bojda dajemo otrokom napačne vrednote. Ali nekaj takega