Тодевска по скандалот во Амбасадата на САД: Се извинувам од дното на моето срце

/ 04.07.2019

Пејачката Тамара Тодевска по синоќешната скандалозна изведба на македонската химна во Амбасадата на САД во Скопје се огласи преку Фејсбук.

– Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара, објави Тодевска на „Фејсбук“.

Таа на синоќешната прослава на Денот на независноста на САД, 4 Јули, што се одржа во американската амбасадата во Скопје, пеејќи ја македонската химна го изостави делот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…“.


Од истата категорија