Министерството за внатрешни работи негира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил следен.

Тој во интервју за ТВ Алфа синоќа изјави дека дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.

– Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј претседател е Мицкоски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства, стои во реакцијата од МВР.

МВР, се подлвекува, својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање.

Во соопштението, МВР ја информира јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР.