Ова е говорот на Димитар Тодороски, постдимпомец на Институтот по историја при Филозофскиот факултет во Скопје, на дебатата за реформите во образованието одржана на 5 февруари во Собранието на РМ.
Еве неколку поенти, а целиот говор можете да го преслушате преку видеото:
– Новата концепција за образование не ја поддржаа… и најважната меѓу нив научна институција, МАНУ, додека пак, новата концепција ја поддржаа неколку индивидуи кои на еден или друг начин се блиски со министерката Царовска и нејзиниот тим;
– …Очигледно е, министерката Царовска делува како никогаш да не го изучувала предметот историја и сомнителен е начинот на кој таа по тој предмет добивала било каква оценка на знаење…;
– …Спојувањето на историјата со други предмети е нивен маркетиншки блеф…;
– При сегашното изучување на историјата, се користат и географијата, психологијата, музиката, архитектурата, фолклорот… што значи дека историјата веќе има инкорпорирано други предмети во себе;
-Историјата треба да остане како самостоен предмет, а додавањето на предметот или терминот општество, само го замаскира нападот врз македонската историја, а со самото тоа и нападот врз создавањето македонска национална свест…;
– Лажна вест е на министерската Царовска дека во историјата се зборува само со факти. Тоа тврдење може да го даде некој кој очигледно не стекнал никакви историски знаења и како таков не е кадарен за воопшто да помисли да реформира нешто за кое нема никакви основни познавања;
-Кое е решението? Поништување на сите досега преземени чекори од МОН…
-Нема да дозволиме да го протуркате укинувањето на историјата и нема да дозволиме Македонци да си направат деструкција на сопствената историја, а со тоа да одработат за многу душмански настроени држави кои со децении и векови го посакуваат тоа!