Задутре во МАНУ задутре ќе се одржи промоција на Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, во кој се содржани научни трудови од минатогодишната конференција по повод јубилејот од неговото раѓање.
За тоа во интервјуто за Скопско ехо говори македонската историчарка проф. д-р Катерина Тодороска, која беше претседател на одборот за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
За каков Зборник се работи и што тој донесува. Има ли во научните трудови некои нови сознанија за Делчев, досега непознати на јавноста?
– На 4 мај 2023 година Институтот за национална историја ќе го промовира Зборникот на дел од трудовите кои беа презентирани на минатогодишната научна конференција „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ одржана на 3 и 4 мај 2022 година. Во Зборникот се застапени трудови кои биле навремено доставени до Организациониот одбор, а кои биле позитивно оценети од Уредувачкиот одбор. Имаше и трудови кои беа презентирани на Конференцијата, но чии автори поради презафатеност не успеаја да ги достават навреме нивните трудови, а имаше и такви кои не го поминаа филтерот на рецензентите. Во секоја наука, па и во историската, постои правило за презентирање на најнови сознанија од страна на истражувачите на научните собири. Таквата пракса се продолжи и на минатогодишната Конференција. Така што, одговорот е да, во овој Зборник има мноштво од сознанија до сега непознати на јавноста.
Можат ли овие научни трудови за Делчев да помогнат во актуелните односи со Бугарија и различните гледања за историските настани и личности, посебно да помогнат во работата на македонско-бугарската Историската комисија?
– Чинам дека овие научни трудови можат да помогнат во актуелните односи со Бугарија со тоа што ќе покажат колку е беспредметна и штетна работата на мешовитата комисија за македонската историја и иднина.
Целото интервју може да го прочитате во Скопско ехо.