Артан Груби ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“, а граѓаните имаа можност да го проследат целиот процес на вакцинација на официјалната Фејсбук страница на вицепремиерот.
Во моментов над 250 000 граѓани на Македонија чекаат да бидат повикани за вакцинирање. Министрите, како и пратениците се вакцинираат преку ред и, се разбира, без чекање.
За наредните денови е најавено вакцинирањето на останатите министри од Владата.