Македонија не може да започне разговори за членство со Европската Унија доколку не го реши спорот со Бугарија, пренесува ТВ 21.

Ова го изјавила претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на средбата со Зоран Заев.

Инаку, Заев е во дводневна посета на Брисел и веќе се состана и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи.

Заев го повторил својот став и на претседателката Урсула фон дер Лајен за тоа дека Македонија нема намера да започне преговори за македонскиот идентитет и јазик. Сепак, пишуваат од BGNES.bg, овие два услови не се појавуваат меѓу барањата на Софија, од каде секогаш и на сите нивоа се изјавувало дека нема никакви претензии кон македонскиот идентитет и јазик.

Тоа што BGNES.bg не го истакнува е дека Бугарија бара јазикот кој ние го нарекуваме македонски, да признаеме дека историски и во сегашноста е дијалект на бугарскиот јазик, а дека македонскиот идентитет во минатото бил бугарски идентитет кој е насилно сменет во 1944 година. Тие не го спорат денешното наше право да се изјаснуваме како Македонци, тоа го спорат Грците, но бараат да с епризнае дека тој идентитет прозилегува од бугарскиот

Но, се чини, ова не ги интересира официјалните лица во Брисел, а изјавите на Заев за тоа дека нема да се преговара за македонскиот идентитет не излегуваат надвор од погоре кажаниот контекст, па очигледно имаат за цел да бидат насочени кон домашната јавност во пропагандна смисла.

Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер истакна дека Фон дер Лајен ја потврдила својата поддршка за започнување разговори со Северна Македонија, но истите не може да започнат без согласност на Бугарија.

Европската комисија изразила желба да ги поддржи економските и инфраструктурни проекти во Македонија, како што е изградба на железничка линија, гасовод и проекти поврзани со зелена енергија.

Во врска со можноста за поделба на Албанија и Македонија на патот кон европската интеграција, портпаролката за проширување Ана Писонеро објаснила дека Оливер Вархеји сака да се одржат меѓувладини конференции со двете земји, но со оглед на фактот дека конечната одлука треба да ја донесат државите членки, ЕК нема никакво влијание врз овој процес.