Том Круз шест години не ја видел својата ќерка Сури, од бракот со Кејти Холмс, бидејќи таа не припаѓа на Сајентолошката црква, објави „Ју-ес Викли“.

Малата Сури денес има 12 години, а нејзиниот татко иако има право да ја гледа 10 дена во месецот, одлучил да нема никаков контакт со неа, според извор кој претпочита да остане анонимен.

Кејти и Том се разведоа 2012 година, по шест години брак, наводно поради неговата религија, а потоа глумицата доби старателство над нивната ќерка.