Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ги освои срцата на луѓе ширум светот со начинот на кој се однесуваше за време на Светското првенство во Русија кога хрватската репрезентација стигна до светско сребро.

Сега Грабар-Китаровиќ ги одушеви и модните критичари со изборот на фустан за средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп во Њујорк.

За оваа пригода, Колинда избра темносин фустан на преклоп со златни рабови, модел што го популаризираше дизајнерката Дијана фон Фирстенберг уште во 1976 година.

Фустанот на Колинда е креација на хрватскиот бренд Duchess и чини околу 1.500 куни.

Според многу критичари, Колинда ја засенила и првата дама на САД со нејзиниот моден избор, а фустанот, и покрај високата цена (околу 200 евра), веднаш се распродаде и веќе не е достапен во продажба.

Се чини дека хрватската претседателка го проширува нејзиното влијание од политичките во модните кругови.