Том Круз и режисерот Кристофер Меквери оваа недела снимаат воздушни сцени за филмот „Мишн: Импосибл Дет Риконинг парт ту“ на американски носач на авиони во Јадранското Море.
Минатиот викенд Круз беше префрлен со хеликоптер од италијанскиот град Бари на американскиот носач на авиони. Антонио Паренте, претседателот на филмскиот фонд на италијанскиот регион Апулија, потврдил за италијанските медиуми.
Паренте рекол дека Круз долетал во Бари минатата сабота, ја поминал ноќта во хотелот со пет ѕвезди, а потоа со хеликоптер од аеродромот во Бари до американскиот носач на авиони.
Тој додаде дека носачот на авиони бил во близина на италијанскиот брег во моментот на пристигнувањето на Круз, но сега е некаде помеѓу Италија и Хрватска.
Според него, се очекува холивудскиот актер да го заврши снимањето до крајот на неделата кога ќе ја напушти Италија.
„Мишн: Импосибл Дет Риконинг парт ту“ е осмиот дел од франшизата „Мишн импосибл“ и неговото снимање е завршено на повеќето од планираните локации. Се очекува филмот да се појави во кината следната година.