Малиот македонски гениј, 8-годишниот Македон Димтровски се фотографираше со сребрениот медал добиен на годинешниот натпревар „Математика без граници“.

Владимир Димитровски, татко на малиот математичкиот гениј, преку социјалните мрежи ги објави неговите фотографиите со медалот, како и фотографија од сертификатот за освоено второ место на натпреварот.

– Да ни се множат успесите, напиша таткото во својата објава.

Натпреварот „Математика без граници“ се одржа на 13-ти февруари.

Македон, досега на Македонија и донесе два златни медали по математика, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби и финансиска поддршка.