– Не можам да негирам дека бугарските членови на Европскиот парламент се незадоволни со текстот. Тие, исто така, јавно го изразуваат тоа во бугарските медиуми. Одат дотаму што дури и сум лично нападнат дека сум пристрасен. Има дури и случаи каде што се тврди дека сум корумпиран од … Македонија, што целосно ги отфрлам. Нема никакви плаќања, никакви услуги, ништо. Се обидував, заедно со колегите, да изготвам реалистичен извештај за ситуацијата во која се наоѓаме. Исто така, спомнав инциденти на говор на омраза, злосторства од омраза против различни групи. Ова, за жал, го гледаме и во различни држави. Исто така, интензивно се обидував да ги вклучам бугарските членови на Европскиот парламент и нивните легитимни барања, исто така да се спомене бугарската заедница, изјави австрискиот известувач за Македонија во ЕП…