Можам слободно да кажам дека голем дел од имотот во државата нема имотен лист и на некој начин дивоградба, рече директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски во денешното гостување во ТВ 21.
– Да, пред 20 дена фотографирани. Сега ќе ви прикажам слики од Вилата Свети Стефан во Охрид. Вака изгледа… Таа е во многу лоша состојба, но со мали средства може да се стави во функција, во споредба со Вилата во Лазарополе, рече Томовски.
Овие вили се само дел од државниот имот за чија негрижа говореше Томовски во емисијата Дејли клик на ТВ 21.
– Да ги ставиме во употреба сите објекти што се во државна сопственост, но пред тоа да го направиме треба да го решиме имотно-правниот статус на овие објекти. Можам слободно да кажам дека имотот во државата е на некој начин дивоградба. Замислете имотот на државата е дивоградба. Двете вили во Охрид, претседателска, премиерска, вилите во Скопје, претседателска и премиерска немаат имотен лист, откри Томовски.
Извор: ТВ 21