Најголемата црна кампања ја води СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– За неколку месеци Венко Филипче се скара со Јован Деспотовски, се скара со Костадин Костадинов, се скара со Петре Шилегов, со Костадин Ацевски, со Саша Богдановиќ, со медиуми и новинари како Драган Павловиќ Латас, Ивона Талевска, Бранко Героски, со Инфомаx, со Курир, со Алфа, со Нетпрес, со Пендаровски… само со Заев не се скара, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа, се додава во соопштението, е дното во кое тоне Филипче.