Поранешниот британски премиер Тони Блер ја советува владата на Саудиска Арабија за договор вреден 11,8 милиони долари, објави „Сандеј телеграф“.

Претходно оваа година беше постигнат договор меѓу Саудиска Арабија и неговиот „Институт за глобални промени”, со цел поддршка на програмата за модернизација, предложена од принцот Мохамед бин Салман.

Тоа е прв голем договор на Институтот на Блер, кој беше основан во 2016 година, а договорот е означен како „непрофитен”.

Институтот добил 10 милиони долари во јануари за работата која ја извршува персоналот од Институтот на Блискиот Исток.