Од 2.043 најбогати луѓе на светот на листата на Форбс, 227 се жени, кои заедно поседуваат 852,8 милијарди долари.

Најчесто се работи за наследнички, но некои и со својот труд успеале да дојдат до своите милијарди. И, меѓу нив нема само пејачки, глумици, манекенки, туку и исклучително успешни бизнисменки.

Најбогатата жена во светот е Французинката Франсоаз Бетанкур Мејерс, наследничка на козметичката империја „Лореал“, со богатство од 49,3 милијарди долари. Во општата класификација на најбогатите луѓе во светот, таа се наоѓа на 15. место.

Натаму во првите пет најбогати жени се наоѓаат:

– Алис Волтон од САД, косопственичка на Волмарт маркетите (44,4 милијарди долари),

– Жаклин Марс, наследничка на Марс компанијата за чоколади, филантропка и втората Американка на топ листата (23,9 милијарди долари),

– Јанг Хуијан од Кина, која поседува 57 отсто од акциите во фирамата за недвижнини Кантри гарден холдингс (22,1 милијарда долари),

– Сузан Клатен од Германија, сопственичка на 20 отсто од автомобилскиот гигант БМВ (21 милијарда долари).