Во Велика Британија се очекува да биде уште пожешко во наредната недела, а метеоролозите предвидуваат топлотен бран кој ќе ја крене живата во термометрите на рекордно високо ниво. Прогнозата е дека летото 2018 ќе биде најтоплото во историјата на Британија.
Здравствените власти веќе објавија „национална вонредна состојба“, амбулатни возила се поставени на многу локации. Во моментов земјата е на трет степен на алармантност, а во наредната недела се очекуваат рекордите – температурата ќе оди до тропски 38 Целзиусови степени, што би било нов рекорд за Британија.
И додека обично топлиот Балкан во овој период се ладеше во бури и студено време, Островото го забележа еден од најдолгите топлотни бранови, цели шест дена температурата била над 30 Целзиусови степени што не е забележано уште од 1976 година.
Метеоролозите велат дека не гледаат заладување во наредните четири недели, па затоа и предвидуваат рекордно високи температури.
До сега највисоката измерена температира била 38,5 Целзиусови степени и не се исклучува дека тој рекорд ќе биде соборен токму ова лето.