Британската премиерка Тереза Меј ја доби денеска довербата од пратениците на нејзината Конзервативна партија. На неа и беше изгалсана доверба иако 117 од нејзините конзервативци нагласија дека таа не е повеќе нивниот лидер кој ќе го води напуштањето на Велика Британија на Европската унија.

По двочасовно тајно гласање, беше соопштено дека „за“ Меј како лидер на Конзервативната партија гласале 200 пратеници и 117 биле „против“. Минимално неопходната поддршка беше 159 гласови.