Британската опозициска Лабуристичка партија ќе ги продолжи разговорите со останатите опозициски партии за нивна поддршка и можен датум за генерални избори, соопшти портпаролот за надворешна политика Емили Торнбери.
Британските медиуми пренесуваат дека Борис Џонсон инсистира на избори на 15 октомври, две недели пред рокот што Велика Британија го има за напуштање на ЕУ, додека опозициските партии разгледуваат кој датум е најприфатлив за нив.
-Мораме да бидеме сосема сигурни дека нема да дојдеме во ситуација изборите да се искористат како попречувачки фактор што владата би го искористила за излегувањето од ЕУ без договор, вели Торнбери.
Запрашана кој датум лабуристите би го поддржале, таа кажа дека тоа ќе биде предмет на дискусија, не само во нејзината партија, туку и со другите партии.