Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. Вчерашното рочиште беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

Како сведок треба да се појави Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на покана. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката Васка Николовска-Масевска, информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.