Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски во емисијата 24 анализа рече дека се бори за интересита за граѓаните без кршење на човековите права.
– Не сакам државата да ги крши овие права. Секој граѓанин кој нема да може да излезе од државата со патна исправа со старото име има право да поднесе тужба за надомест на матерјална и нематерјална штета што му е предизвикана. Ако судовите тука не му го усвојат правото има доволно пресуди од Стразбур, врз основа на кое ќе му биде увоено правото и околу 5000 евра е досуден надомест на штета. Но, тие пари ак ќе бидат исплатени од буџетот на државата. – рече Тошковски.
Во врска со личните документи, тој изјави:
– Граѓаните ја имаат првата победа за да купат уште 10 месеци, за кои тврдам дека со добро менаџирање и добра реорганизација може да се заврши процесот со обнова на сите документи до крајот на годината. Пасоши нема, нема обрасци, нема материјал на кој треба да се испечатат. Сега имаме помалку од 4000 од тип А и помалку од 10 000 тип Б. Ова е врзано со процес на јавни набавки. Заклучно со овој месец треба да дојдат 250 000 и 380 000 со јуни и јули. До два ипол милиони има уште многу. Овие обрасци доаѓаат однадвор, не ги произведуваме тука и се прави се’ да дојдат побрзо – рече Тошковски.
Тој додаде:
-Кога се вршени набавките на патни исправи тргнато е од бројот на резидентното население, планирањето, менаџирањето и динамиката на испораката како влезен инпут на бројка, е земен 1 750 000, наместо 2 500 000 милиони, со рок на испорака од 180 дена што е катастрофален и со тотална негрижа на оние кои порано го воделе процесот и тоа доведе до хаос. Овој хаос може да се реши за да имаме нормален процес, со цел да не прекршат одредени меѓународни договори и да не се продолжи со кршење на човековите права. Тоа денес веќе е сторено. Преспанскиот договор не е прекршен. Таму се вели дека има техники рокови документи и материјали на јавната администрација за меѓународна и внатрешна употреба кои може да се користат надвор, важноста на ваквите документи ќе се обновува согласно роковоите. Тоа значи дека со сите возачки дозволи, лични карти може да се излезе со земји со кои имаме билатерални договори. Овие технички рокови дефинирани во Преспанскиот договор имаат за цел истиот суштински бил исполнет. Повеќе од 100 000 се веќе фотографирани, а се чека образец да се испечати. Единствено можно решение за проблемите со документи е продолжување на рокот на важење. Целокупниот хаос не можам да го решам за две недели – рече Тошковски.