Од доказите со кои што сум запознаен во рамките на истрагата, која напоменувам се уште не е завршена, говорат за континуирано незаконито, коруптивно постапување на многу сегменти во рамки на институциите, кои наместо да заштитат, проверат и да утврдат фактичка состојба во насока на вистината, тие правеле се, само тоа не, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Само Интервју во врска со истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Тој посочи и дека доколку станува збор за јавен собир МВР има обврска да присуствува, доколку не, МВР не може да преземе дејствија во надлежност на приватните агенции за обезбедување дадени со закон, дециден е министерот. Гледам многу проактивна улога на ЈО во овој случај, различно од претходно. Факт е дека лиценцата приложена до органите, ден по трагедијата, е дадена пред министерот за економија Дурмиши да стане министер, одговори Тошковски на прашањето зошто актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата.