Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска уште еднаш вети дека ќе има одговорност за сите што го прекршиле законот, но, за криминалите поврзани со висока корупција и кражби од епски размери, како што напомена, не е можно брзо постапување.
Тошковски рече и дека веќе нема да има циркуси, претстави и „бркање вештерки“, туку ќе се постапува професионално, со максимално почитување на правата на сите инвловирани во случаите, и на оштетените и на обвинетите.
Воедно информира дека до МВР се веќе доставени докази за поголем број лица кои се од интерс за јавноста.
-Разбирам дека народот е гневен и дека има огромни очекувања во делот на одговорноста.
Ветувам дека одговорност ќе има, но тоа мора да биде во рамки на законските постапки.
Секој за кого ќе има докази, ќе биде предмет на соодветна постапка во МВР, посебно за оние што душмански го краделе народот или незаконски предизвикале таков тип штети, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференција во Владата по повод 100 дена од сработеното.
Според него, МВР се труди максимално ефикасно и брзо да ги сработи овие постапки.
-Сепак, за криминал поврзан со висока корупција и кражба од епски размери на даночните обврзници, брзо постапување не може да има.
Ќе постапуваме со внимание, професионално, со докази и факти, почитувајќи ги притоа правата на сите инвловирани. Само така можеме да зборуваме за нормализирање на државата.
Циркуси веќе нема да гледате, македонската јавност заслужува достоинствен однос кон секого во истражната постапка и во рамки на законите, потенцира Тошковски.
Тој потсети дека МВР веќе покрена неколку случаи.
-Јавноста гледа, знае и е сведок дека во изминатиопт период од МВР е поднесена една кривична пријава против екс директорка на Здравствен дом која Обвинителството ја профати и процесуираше до судот, поднесена е и кривична пријава против пртаник кој при вршење на своите работни задачи, злопутребувајќи ги овластувањата, го прекршил законот, а кривична има и против двајца градоначланици.
Ќе следат и други, за други градоначалници кои не почитувале законски одредби, најави Тошковски. мч/дма/фото: МИА архива и принт скрин .
Извор: МИА