Сопругата на Александар Јаневски – Тошта обвинет за настаните од 27-ми април за медиумите раскажа дека и покрај сознанијата дека здравствената состојба на нејзиниот сопруг е влошена, сепак под голем притисок го држеле во притвор.
Таа пред камерите изјави дека не верува дека ќе биде ослободен бидејќи изминатите 7 месеци и покрај укажувањата и барањата дека здравствената состојба на Тошта е лоша и вложена не добиле позитивен одговор од судот за преименување на мерката притворот во куќен притвор.
Вчера на Јаневски му се слоши во судницата откако дозна дека обвинителниот акт за него останува ист и ќе му се суди за убиство во обид тој беше префрлен во болница 8-ми Септември, но таа не добила одговор каква интервенција била извршена врз него.
– Кога тој заврши во 8-ми Септември, неговата здравствена состојба беше многу загрозена, но и покрај тоа тие со брза помош повторно го вратија во Истражниот затвор во Шутка. Јас кога исконтактирав со затворот ми беше кажано дека докторот бил наредниот ден, што значи вечерта бил сам оставен во кревет. Другиот ден на пладне докторот повторно поминал и дека притисокот му бил висок и докторот ќе побарал да го носат на психијатрија, рече сопругата на Тошта.
За колку му е влошена состојбата, таа вели дека тој има вградено два стенда на срцето и кога го приведиле му било направено коренографија бидејќи добил преголеми болки во градите и мислеле дека стентот пукнал.