Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни. УВ= 7

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, дневната температура од 19 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 27 степени.

Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во источните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела условите за нестабилност ќе бидат помали.