Од денеска почнува летната сезона во Аква паркот кој работи во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

На отворањето најавено е дека ќе настапат диџеите Дела и Боби од „Сити радио“ заедно со диџеј Ампов.

За време на летната сезона, посетителите ќе може да уживаат на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот…

Аква паркот беше изграден од претходната локална власт на Град Скопје.