Красимир Каракачанов како претседател на партијата и Ангел Џамбаски кој е заменик претседател на ВМРО-БНД понудија оставки на партиските функции заедно со целото раководство.
Партијата на Каракачанов не успеа во три избори во низа во 2021-ва да се приближи до изборниот праг и не обезбеди ниту еден пратеник по што целото раководство на ВМРО-БНД понуди оставки.
На изборите вчера партијата на Каракачанов освои помалку од 1 процент од гласовите. На претседателските избори, нивниот кандидат помина уште полошо и стигна до 0,46% од гласовите.
Но, Каракачанов на изборното место во бугарската амбасада во Скопје и на останатите 6 избирачки места низ Македонија помина солидно. Од оние околу 650 гласачи што имале бугарски документи и гласаат во Македонија, за Каракачанов и ВМРО-БНД гласале 136 или околу 20 проценти.