Според пишувањењто на аргентинските медиуми, тренерот на фубдласката репрезентација, Хорхе Сампеоли, би можел да биде целосно развластен в очи на последниот натпревар од третото коло во групата Д. Третото коло кога ќе се реши дали Аргентина ќе си оди дома, се игра в среда.
По поразот од Хрватска, во репрезентацијата владее хаос, тврдат аргентинските медиуми, а постарите играчи веќе разговарале со претседателот на аргентинскиот фудбалски сојуз, Хорхе Буручага. Членот на репрезентацијата во 1986 година која беше светски првак, Рикардо Гуисти изјавил дека Буручага му признал дека пред натпреварот со Нигерија ќе бидат консултирани и играчите.
„Играчите ќе го одредат составот. Ако Сампеоли сака да седи на клупата, може, тоа не епроблем“, рекол Гуисти.
Главниот збор на натпреварот со Нигерија би требало да го имаат Меси и Маскерано.