Иконата на Рома, Франческо Тоти за в понеделник закажа прес-конференција на која ќе соопшти дека ја напушта „римската волчица“, објавија денеска италијанските медиуми.
Поранешниот капител на Рома ја заврши фудбалската кариера во 2017 година, по што управата на италијанскиот клуб му понуди договор до 2021 за функција во клупската администрација.
Сепак со тек на времето односите на „принцот на Рома“ со челниците на клубот се повеќе се влошуваа, а како една од причините се наведуваат отказите на Еузебио Ди Франческо и заминувањето на Мончи.
Тоти причините за заминувањето од Рома ќе ги соопшти в понеделник, но италијанските медиуми како една од нив ја наведуваат неодамнешната средба во Лондон на раководството на Рома со новиот тренер Пауло Фонсека, на која тој не бил поканет.
Иако првиот човек на Рома, Џејмс Палота ги уверуваше медиумите дека Тоти е важен дел од тимот и фактор во донесувањето одлуки, изгледа дека иконата на тимот не се гледал себеси во таква позиција, па одлучил да замине.