Пријателот на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо, кој беше долги години спонзор на ФК Вардар, почина денеска во Скопје на 70-годишна возраст по кратко болекување.

Брацо, освен на Вардар, помагаше и на многу други македонски екипи како што се Македонија ЃП, Слога Југомагнат, Победа, Борец Велес, Еуромил, Локомотива, а голема помош добија и Работнички и Тетекс.

Тој освен во фудбал, вложуваше финансиски средства и во ракомет и одбојка, кадешто ги спонзорираше екипите на Вардар.