Бројот на самоубиства во Јапонија во 2019 година е на најниско ниво во последните 40 години, соопшти денеска полицијата.

Традицијата на самоубиства во Јапонија како начин да се избегне срамот или губењето на честа е долга, а стапката на самоубиства и понатаму е најголема помеѓу државите членки на Г-7.

Стапката на самоубиство во Јапонија во последните 15 години се намали за околу 40 проценти, иако во полициските извештаи не се наведени причините за падот, се претпоставува дека тоа се должи на подобрената економската состојба како и програмата за спречување самоубиство имплементирана во 2007 година.

Според прелиминарните податоци што ги објави полицијата, бројот на самоубиства во 2019 година се намалил за 881, а вкупниот број на лица кои си го одзеле животот бил помал од 20.000, првпат од 1978 година откако се води евиденција.

Највисока стапката на самоубиства во Јапонија забележана е во 2003 година, кога 34.427 луѓе си го одзеле животи, што ги алармира јапонските власти, но и го привлече меѓународното внимание.