Македонската репрезентација во традиционално карате денеска и утре ќе учествува на европскиот карате куп Унгарија опен во Будимпешта.
За македонската репрезентација ќе настапат: Дејан Недев, Камелија Недев, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Филип Недев, Ана Шаневска и Максим Поп Трпев.
Натпреварите ќе се одржат во дисциплините кати и кумите поединечно и екипно по ЈКА правила.
Како што наведуваат од МТКФ, овој натпревар ќе биде тест за македонските каратисти пред официјалниот ИТКФ светски шампионат што ќе се одржи во октомври 2022 година.