Единаесет мигранти живи изгореле откако минибусот кој ги превезувал се удрил во камион, пренесуваат грчките медиуми
Несреќата се случила утрово во 5 часот по локално време на патот Кавала-Африони, во горниот дел на регионот Саракин. До трагедијата дошло откако минбусот почнал да вози со голема брзина по што се удрил во камион кој доаѓал од спротивната страна.
Како последица на сударот двете возила се запалиле. Единасетте мигранти останале приклештени во минубусот и живи изгореле. Возачот на камионот успеал да се спаси. Нема информација за судбината на возачот на минибусот.
Според полициски информации, причина за несреќата е големата брзината со која се движел минибусот. Идентификација на мигрантите засега не е можна.