Дваесетгодишно момче од скопско Драчево доцна попладнево ја убил својата 66 годишна баба. Убиецот сам се пријавил во полиција.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, дежурен јавен обвинител раководи со увидот на лице место каде што било пронајдено безживотно тело.
– Според првичните информации, станува збор за насилна смрт, а извршителот сам се пријавил и е задржан во полициска станица. Станува збор за момче на возраст од 20 години, внук на починатата, се наведува во соопштението на ОЈО.
По наредба на јавниот обвинител во моментов се подигаат материјални траги пронајдени на лице место, а телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.