Маж го загуби животот, а жената се бори за живот, откако и двајцата се најдени пред зграда во Центар во Скопје, по пад од висококатница.

Ова го објави Нова тв, а според нивните информации, се очекува девојката кога ќе се разбуди да посведочи за деталите од трагичниот настан.

Како што се дознава од МВР, тие настанот не го класифицираат како обид за двојно самоубиство и очекуваат да се подобри состојбата на девојката.

Станува збор за љубовен пар, девојката е од скопската населба Аeродром и е вокалистка на познат скопски бенд.

Двете лица кои паднаа од зграда во центарот на Скопје се позната скопска двојка, јавија повеќе македонски медиуми

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека денеска во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено оти пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М. (47) и К.Г. (39), двајцата од Скопје.