Најмалку 35 лица загинаа, а 16 се повредени кога се урна древен бунар во хиндуистички храм во централна Индија, изјави денеска претставник на локалната власт.
Инцидентот се случил додека верниците вчера се собирале во храмот во Индоре за да го прослават хиндуистичкиот фестивал „Рам Навами“ , соопштија официјални лица.
-Спасивме 18 лица, но 35 се пронајдени мртви, додека 16 се повредени, изјави Илајараја Т, висок претставник на локалната власт, пренесен од британските медиуми.
Најмалку 75 припадници на војската и спасувачките служби работеле во расчистување на урнатината, користејќи јажиња и скали за да ги извлечат луѓето кои паднале во бунарот, јавуваат локалните медиуми.
Скалестите бунари се препознатлива форма на огромни подземни системи за складирање на вода на индискиот потконтинент и биле изградени 3.000 години п.н.е.