Доцна попладнево се удави капач во Преспанско Езеро кај Претор, според очевидци станува збор за млад капач од Ресен, објави Нова Македонија.
Други портали објавија дека станува збор за 16-годишно момче.
До давањето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела, потоа двајцата капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.
Моментно капачи се обидуваат со мрежи да го извлечат удавеното дете од езерото.
И нуркачите трагаат по удавениот капач, но телото се уште не е извлечено од водите на езерото.
Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид. Но прашање е дали тие вечерва ќе можат да ја продолжат потрагата. Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.
МВР го потврди случајот, познат идентитетот на детето
Од МВР го потврдија случајот и информираат дека трагаат по телото.
-Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби – информира МВР.