Меѓу починатите од коронавирус, на списокот кој вчера беше објавен е и 28-годишниот охриѓанец Лазар Секулоски.
Тој ја загуби битката со вирусот, откако неодамна во Македонија дошол од Словенија каде што работел за да ја посети тешкото болната мајка. Таа се лекува од рак на белите дробови и е хоспитализирана во Општата болница во Охрид.
За време на престојот во Македонија тој заболел од коронавирус и прво бил примен во болницата во Охрид, но поради влошената состојба бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, каде што во последните две седмици бил приклучен на респиратор.
Секулоски бил дијабетичар и имал проблеми со тироидната жлезда.
Од синоќа на социјалните мрежи се објавува апел за помош на семејството за достоинствено последно испраќање на младиот охриѓанец.