Од сослушаните седум осомничени за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата кои утрово беа уапсени со уште четворица, за шест е побарано притвор, а за еден мерки на претпазливост, информираше денеска пред Кривичниот суд обвинителката Ивана Трајчева каде во моментов трае распит на десетте лица кај судија по претходна постапка.
Обвинителката појасни дека станува збор за отуѓување и склучување на договори за отуѓување на земјиште во сопственост на Република Македонија кои понатаму во кои договори се предвидени договорни обврски по однос на неипсолнување на обврските од страна на изведувачот, но тие обврски понатаму не се испочитувани и бил предвиден товарот да се обезбеди како што се прави во секој договор.
-Таквото нешто е прикриено, реалните товари не се прикажани во актите при што е насена штета на Република Македонија и не е применето кон еднострано раскинување на договорите и земјиштето и не е вратено во сопственост на Република С. Македонија, истакна Трајчева.
На обвинувањата на опозицијата, обвинителката рече дека не се согласува дека станува збор за толкување на одредби кога во случајот има конкретни договорни обврски пропишани во договорот со конкретни рокови кои треба да се испочитуваат.
-Во случај кога имате рокови што се пропишани тука не може да се зборува за толкување, туку можеме само да зборуваме за почитување на тие рокови и што станува во случај и кога тие не се испочитувани. Впрочем договорот го склучуваат две страни, се потпишуваат на истите што значи израз на добра волја и се согласиле на она што е потпишано во самиот договор, појасни Трајчева.
Информира дека утрово даден е предлог за привремено обезбедување на имотно правното побарување. Предложено е да се замрзнат односно да не се отуѓуваат предметните земјишта кои се предмет на оваа постапка за кои се смета дека е неосновано стекнат од страна на осомничените лица. Сите четири локации во предметот се продадени за изградба на хотелски комплекс и тоа стои во секој од договорите. Една од локациите е позната како „шпанските скали“.